Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе му стане соиграч на Елиф Елмас во Наполи од следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најновите информации од Англија говорат дека Алиоски ја одбил и последната понуда од Лидс и ќе го напушти клубот како слободен агент.
Интерес за него покажува Галатасарај, но сега и Наполи се приклучи во трката за неговиот потпис и наводно е спремен да ја победи конкуренцијата.
Наполи бара засилување за левата бековска позиција и сака пред почетокот на Европското првенство да го добие потписот на Алиоски.
Италијанскиот клуб му нуди петгодишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона.