Дома Фудбал Останато Ел Шарави од Кина: Луѓето се враќаат на улиците, градот почна да оживува

Ел Шарави од Кина: Луѓето се враќаат на улиците, градот почна да оживува

Италијанскиот фудбалер Стефан Ел Шарави кој настапува за Шангај Шенуоха во Кина зборуваше за ситуацијата со коронавирусот во оваа земја.

Ел Шарави во Шангај премина од Рома и со кинескиот клуб потпиша договор до 2023 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа 27 годишниот Ел Шарави не би имал ништо против неговата кинеска авантура да се скрати. За „Скај Италија“ тој зборуваше за ситуацијата во Кина.

„Ситуацијата е многу подобра. Градот почна да оживува, баш како и цела држава. Добро ни оди и ова е порака на надеж за целиот свет. Од мојот дом сега можам да видам собраќај на улиците. Тоа е одличен знак. Во текот на критичниот период ја затворија цела држава. Сега самото тоаш то можеш да отидеш во бар или ресторан е голема победа“, изјави Ел Шарави.

Сепак Ел Шарави сака да се врати во Европа.

„Сега сум играч на Шангај Шенуоха и морам да размислувам за доброто на својот тим. Многу оставив во Рим, не само фудбалот. Таму се чувствував како дел од семејство. Ми недостига Италија, ми недостигаат родиетелите, се ми недостига…“, додаде италијанскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…