Дома Топ вести „Екип“ најави пресврт: Нејмар останува во ПСЖ!?

„Екип“ најави пресврт: Нејмар останува во ПСЖ!?

„Војната“ која започна пред неколку месеци помеѓу Нејмар и ПСЖ е завршена, тврди францускиот Екип“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот влезе во конфликт со управата на клубот од Париз и го искажа своето нездоволство. Нејмар правеше напори клубот да му дозволи трансфер во Барселона.

Во текот на целото лето се пишуваше за интерес од Барселона и Реал Мадрид за Нејмар, а каталонскиот клуб испраќаше неколку понуди, но тие не беа доволни за управата на ПСЖ да го пушти Нејмар.

Уште повеќе се засилија шпекулациите откако Нејмар не се најде во составот за натпреварите од Лига 1, меѓутоа сега Французите пишуваат дека дошло до помирување.

„Нема повеќе „војна“ помеѓу двете страни. Во последните неколку денови клубот и Нејмар одново се во нормални односи“, ги пренесува „Eкип“ зборовите на нивниот анонимен извор.

Нејмар не е во составот на тимот за вечерашниот дуел против Тулуз во Лига 1, но Тухел потврди дека Бразилецот работи одлично на тренинзите и максимално е посветен на обврските.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…