Поранешниот светски рекордер и најпознатиот промотор на Скопскиот маратон, Вилсон Кипсанг Кипротич е уапсен во Кенија.
Кипротич бил дел од група од дваесетина луѓе кои го прекршиле полицискиот час, па дури и конзумирале алкохол. Тоа се случило во градот Итен каде што често пати се собираат кениските маратонци.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Во Кенија на сила е полициски час ист како и кај нас од 21 часот навечер до пет часот наутро.
Покрај него во текот на изминатата недела во Кенија беа уапсени уште неколку атлетичари поради тренирањето во групи и покрај забраната за собири.
Кипротич има 30 години, а во кариерата освои бронзен медал на Летните Олимписки игри, а победи на маратоните во Њујорк, Токио, Лондон и Берлинг. Промотор на скопскиот маратон беше во 2014 година кога го означи стартот на трката.