Дома Фудбал Останато Еден од најмоќните менаџери во светот „падна“ за перење пари!?

Еден од најмоќните менаџери во светот „падна“ за перење пари!?

Фудбалските менаџери во модерниот фудбал имаат огромно влијание, а меѓу најмоќните се издвојуваат Жорге Мендеш, Мино Раиола, Фали Рамадани…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фали Рамадани е еден од најмоќните фудбалски менаџери во светот. Тој е роден во Македонија и е сопственик на „Lian Sports“ и застапува голем број на балкански ѕвезди меѓу кои Миралем Пјаниќ, Лука Јовиќ…

Според извештаите од шпанските медиуми, Рамадани е обвинет за перење пари на Мајорка. Во вторникот полицијата направила рација во неговата резиденција и одземена е документација која е потребна за истрагата.

Познатиот агент кој ретко се експонира во јавноста се терети за перење пари, па во наредните денови ќе мора да се појави на суд во Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека на Рамадани може да му биде „замрзнат“ целиот имот, а во целиот скандал се замешани уште двајца менаџери чие име не е откриено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…