Дома Трансфер зона „Еден од Модриќ, Крос и Бензема сигурно ќе си замине од Реал Мадрид“

„Еден од Модриќ, Крос и Бензема сигурно ќе си замине од Реал Мадрид“

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната и се уште не се знае дали Хрватот ќе потпише нов, а покрај Модриќ продолжување на договорите чекаат Тони Крос и Карим Бензема.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И додека се верува дека Бензема сигурно ќе го продолжи договорот, шпанските медиуми пренесуваат дека останувањето на Модриќ и Крос е под знак прашалник.

Според информациите на „Ел Чирингуито“ еден од тројцата Модриќ, Крос, Бензема сигурно ќе си замине од Мадрид.

Бензема како што споменавме изгледа во најсигурна ситуација, додека за Крос и Модриќ не може да се претпостави.

На оваа тема пред два дена се појави и изјавата на легендарниот Гути кој смета дека Модриќ не му е потребен на Реал Мадрид.

„Модриќ не му е потребен на Реал…Нема да има голема улога следната сезона ако остане. Не знам дали ќе дојде Белингам или некој друг играч за врска, но мислам дека Модриќ во овој момент треба да замине“, гласеше изјавата на Гути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…