Дома Фудбал Репрезентации Еден англиски репрезентативец неочекувано се врати дома

Еден англиски репрезентативец неочекувано се врати дома

Бекот на англиската репрезентација Бен Вајт го напуштил кампот на селекцијата во Катар и се вратил во Англија од лични причини, објави англиската фудбалска асоцијација.

Фудбалерот на Арсенал нема да се врати во Катар за следните натпревари на Англија, а засега не се откриваат повеќе детали.

Во првите три натпревари 25-годишниот дефанзивец не запиша настап за Англија која обезбеди пласман во осминафиналето.

Се огласи и Арсенал со кратка порака во која му даде поддршка на Вајт, а се очекува наскоро да се дознае вистинската причина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Уште една земја му го сврте грбот на Инфантино

Уште еден национален сојуз се сврте против Инфантино и бара негова замена. Се повеќе нацио…