Дома Фудбал Англија Евертон бара објаснување за одложениот натпревар против Манчестер Сити

Евертон бара објаснување за одложениот натпревар против Манчестер Сити

Meчот помеѓу Евертон и Манчестер Сити требаше да се игра вчера, но тој дуел се одложи и ќе се одигра на некој датум во 2021 година.

Натпреварот од 16. коло во Премиер лигата не беше одиграни затоа што се појавиле случаи на коронавирус во Манчестер Сити. Раководството на Премиер лигата го одложи натпреварот, но на „Гудисон“ бараат објаснување како дошло до таков исход.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Евертон жали поради одложувањето на натпреварот со Манчестер Сити, не само поради 2.000 навивачи кои дојдоа тука, туку и поради сите ширум светот. Нашите играчи беа спремни да го играат натпреварот како и сите во клубот. Еден натпревар е најважниот датум во нашиот календар, а ова беше и голем натпревар. Ќе бараме објаснување и објавување на сите информации кои ги приложил Сити за да дојде до ваква одлука“, соопштија од Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Една од најголемите легенди на Нигерија стана селектор на репрезентацијата

Фудбалскиот сојуз на Нигерија денеска објави дека нов селектор на репрезентација е легенда…