Премиерлигашот Евертон е силно заинтересиран за напаѓачот на Милан, Мбаје Нинанг и испратил понуда од 18 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Нианг последните шест месеци ги помина на позајмица во Ватфорд и одлично се вклопи во Премиер лигата, а менаџерот на „Карамелит“, Роналд Куман сака да го има во својот тим.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Ватфорд има опција да го откупи неговиот договор за 18 милиони евра, но самиот Нианг не сака да остане во клубот, па таквата ситуација ќе ја искористи Евертон.
Медиумите тврдат дека Евертон испратил понуда од 18 милиони евра, која „росонерите“ се спремни да ја прифатат бидејќи не сметаат повеќе на него.
Сега останува уште играчот да се договори со клубот па трансферот да биде комплетиран.