Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона остварила контакт со Борусија Дортмунд за трансфер на крилниот напаѓач, Осман Дембеле.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Умтити пред два дена откри дека Дембеле е трансфер цел на Барселона, а денес „Мундо Депортиво“ потврди дека Каталонците започнале преговори со германскиот клуб.
Меѓутоа, „милионерите“ ги шокирале своите колеги од Каталонија бидејќи за слободата на младиот Французин бараат неверојатни 90 милиони евра.
Барселона сигурно нема да ја плати оваа сума, бидејќи како што тврди весникот Каталонците биле спремни да понудат 30 милиони евра.
Дембеле беше донесен на „Сигнал Идуна Парк” минатото лето од Рен за сума од 15 милиони евра. Тој одигра одлична дебитантска сезона во која постигна 10 гола и 21 асистенции во 49 натпревари