Дома Трансфер зона Дортмунд веќе најде замена за Халанд

Дортмунд веќе најде замена за Халанд

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.

Скаутите на Милан, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Сити го следат веќе подолго време, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Борусија Дортмунд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.

„Милионерите“ наводно веќе започнале преговори со неговиот агент бидејќи во Нуњес гледа идеален наследник на Халанд.

Нуњес оваа сезона на 16 меча за Бенфика постигна 11 гола и 2 асистенции, а Дортмунд спрема понуда од 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…