Освен Вилијан кој веќе подолго време се поврзува со Барселона, денес шпански „Дон Балон“ пренесува дека една од желбите на Барселона е и неговиот соиграч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на „Дон Балон“, спортскиот директор, Ерик Абидал сака во клубот да го доведе неуморниот Канте. Идејата на Абидал наводно е со Канте да намали дел од одговорноста на Серхио Бускетс.
Во текстот се наведува и дека било слушнато и мислењето на Лионел Меси кој дал „зелено светло“ Барса да тргне по неговиот потпис.
Играчот за врска во овој момент е дел од селекцијата на Франција на Мундијалот каде што „Триколорите“ ќе играат во четвртфиналето против Уругвај.
Да потсетиме, Канте, кој има титули во Премиер лигата со Лестер и Челзи, минатата сезона за „сините“ одигра 48 натпревари и постигна еден погодок.