Дома Останати Домник Тим го елиминира Надал на „Австралија Опен“

Домник Тим го елиминира Надал на „Австралија Опен“

Австриецот Доминик Тим се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, откако во четири сета го елиминира фаворитот Рафаел Надал.

Во првите два сета иако Шпанецот имаше брејк предност, Австриецот успеваше да се врати и во тај-брејк да стигне до водство од 2-0.

Надал не се откажа и возврати во третиот сет освојувајќи го со 6:4. Меѓутоа, Шпанецот немаше сили и во четвртиот сет веднаш го загуби својот сервис, па иако возврати, сепак го загуби сетот повторно во тајм-брејк.

Тим во полуфиналето ќе се сретне со Германецот, Александар Зверев кој во четвтрфиналето беше подобар од Стен Вавринка со 3-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познат доктор открива што се случувало со Ѓоковиќ: Еве зошто се мачеше и повраќаше на УС Опен

Медицинскиот директор на Асоцијацијата на професионални тениски играчи (PTPA), организациј…