Дома Фудбал Останато Додека освојуваа се појавуваа секаде: Роналдо и Меси не одат на церемонијата на „Франс Фудбал“?

Додека освојуваа се појавуваа секаде: Роналдо и Меси не одат на церемонијата на „Франс Фудбал“?

Реномираниот спортски весник „Франс Фудбал“ на 3-ти декември ќе ја додели „Златната топка“, а според последните информации од Париз двете фудбалски ѕвезди ќе го пропуштат овој настан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лионел Меси и Кристиано Роналдо доминираат во последните 10 години кога во прашање е „Златната топка“, но оваа година веројатно за прв после долги години оваа награда ќе замине во други раце.

Засега главен кандидат за освојување на престижното признание е Лука Модриќ кој досега ги собра сите индивидуални награди оваа година.

Поради таквата ситуација новинарот Ерик Макрут најавува дека Меси и Роналдо нема да се појават на доделување на „Златната топка“.

Модриќ ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, додека подоцна со Хрватска стигна до финалето на Мундијалот.

Не само што Меси и Роналдо нема да ја освојат наградата се најавува и дека второпласиран ќе биде Рафаел Варан, а тука се уште Мбапе и Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…