Дома Фудбал Италија Доби отказ, па направи нешто неверојатно: Дали ова можеби ќе предизвика каење кај Монтела

Доби отказ, па направи нешто неверојатно: Дали ова можеби ќе предизвика каење кај Монтела

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела одлучи да го отпушти кондициониот тренер, Емануел Мара.

Мара со Монтела соработуваше со години. Сепак, тренерот на „Росонерите“ го означи како виновник за серијата слаби натпевари и му врачи отказ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


По овој потег, многу навивачи на тимот од Милан му го свртија грбот. Монтела беше изложен на жестоки навреди и критики, но Мара застана во негова заштита.

„Ве молам да престанете да го навредувате Винченцо Монтела. Еден лош момент не може да ги расипе сите години кои ги минав со него. На се му доаѓа крајот, промените се секојдневие во животот. Не треба другите да ги кривите за лошите работи. Секој е одговорен за она што се случува во неговиот живот“, истакна Мара.

Ова секако е интересен потег на некогашниот помошник, а којзнае можеби во иднина овој тандем повторно ќе соработува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…