Спортскиот директор на Наполи Кристијано Џунтоли допатува во Мадрид за да го финализира трансферот на Хамес Родригез, откриваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двата клуба веќе подолго време се во преговори, Хамес му кажа ДА на италијанскиот клуб, па сега се договараат последните детали.
Напои сака да го донесе 27-годишниот Колумбиец на позајмица со опција и да го откупи неговиот договор следното лето.
„Сакаме да играме квалитетно, нашиот тим е навикнат на ваков тип на фудбал. Хамес е играч кој добро го познавам, би ни донел голем квалитет. За жал, тој во моментов не е играч на Наполи“, изјави Карло Анчелоти.
Во моментов се договараат последните детали од трансферот кој вкупно ќе изнесува 42 милиони евра.