Деновиве главна тема во медиумите е „Адрија Тур“ турнирот кој го органзиираше Новак Ѓоковиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ добива огромен број критики за одлуката во овој период да организира таков собир на луѓе. Турнирот беше прекинат кога Бугаринот Димитров потврди дека е заразен со Ковид-19, по него позитивни беа уште неколку тенисери меѓу кои и самиот Ѓоковиќ.
Еден од оние кои се во помал број и кои го баранат Ѓоковиќ е легендарниот кошаркар Дино Раѓа.
Неверојатна количина на с*ање беше фрлено врз Ѓоковиќ овие денови, вистински натпревар кој повеќе ќе се по*ере. Човекот направи сѐ за да ѝ помогне на Хрватска да се промовира во светот и да спаси барем дел од летната сезона. Сигурно е дека имаше грешки, но во прв ред од Димитров и од организаторот, а потоа од учесниците. Ништо подобри не сме ние Хрватите, кои не носиме маски ниту држиме дистанца, но најлесно е за сопствените проблеми да удриме по Новак. Тоа што се случи треба да ни биде за памет и предупредување дека вирусот е меѓу нас и дека треба сериозно да се сфати. И дека без разлика на статусот и на богатството, сите еднакво сме подложни на зараза со Ковид-19“, напиша меѓу другото Раѓа.