Даниел Малдини од редовите на Монца испиша историја во италијанската репрезентација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, тој стана третата генерација од династијата Малдини кој заиграл во дресот на „Аѕурите“ и тоа се случува за првпат во историјата.
Во игра против Израел Даниел влезе во второто полувреме и така им се приклучи на неговиот татко Паоло и дедо Чезаре.
Паоло за Италија одигра 126 натпревари и во репрезентацијата помина 14 години, а се наоѓа на третото место по бројот на настапи. Од друга страна Чезаре запиша само 14 настапи, но беше и селектор на Италија од 1996 до 1998 година.