И после добрите настапи за Македонија ситуацијата на Стефан Ристовски во Спортинг не се промени, македонскиот репрезентативец и понатаму е далеку од првиот тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во претходниот преоден рок Ристовски беше блиску до трансфер во Динамо Москва, тогаш се преговараше, а нашиот репрезентативец иако знаеше дека ќе биде тешко реши да остане и да се обиде да ја промени ситуацијата, тоа не е случи.
Сега според информациите на португалската „А Бола“ Динамо Москва во јануари одново ќе тргне по потписот на Ристовски.
Ќе потсетиме, Ристовски во Спортинг не игра поради проблемите со тренерот на „лавовите“. Останува да видиме како ќе заврши втората офанзива на рускиот тим.