Во летото кое следи, Аријан Адеми би можел да ја промени средината, наводно Динамо добил понуда од пет милиони евра за македонскиот репрезентативец.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватските медиуми не го откриваат името на тимот кој е заинтересиран за Адеми, меѓутоа се истакнува дека раководството на клубот сериозно размислува дали да ја прифати.




За Динамо Адеми настапува уште од 2010 година, а од 2017 година е капитен на загрепскиот тим со кој освои 10 титули во првенството, шест во Купот на Хрватска и три во хрватскиот Суперкуп.




Во минатото Адеми имаше неколку понуди да го напушти Динамо, а најсериозна беше понудата од Ал-Итихад од Саудиска Арабија. Се најавуваше дека трансферот ќе биде завршен за 7.5 милиони евра, спеак на крајот Адеми остана во Загреб.