Дома Фудбал Репрезентации Димитриевски: Притисокот е на страна на Италија, ние сме мирни

Димитриевски: Притисокот е на страна на Италија, ние сме мирни

Пред натпреварот вечерва голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски даде интервју за шпанска „Марка“.

Во интервјуто Димитриевски истакна дека ќе биде вистинско чудо ако Македонија ја елиминира Италија, но посочи и дека ова е најважниот натпревар во неговата кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе биде вистинско чудо ако ја елиминираме Италија, но веќе ја победивме Германија во групната фаза и секако дека имаме шанси. Сигурно дека и Италија ќе направи се за да не победи. Притисокот е на нивна страна ние сме мирни и ја чекаме нашата шанса. За нас нема да биде неуспех ако не се оди во Катар, ова е натпревар со кој нашите навивачи треба да се гордеат. Дефинитивно најважниот натпревар во мојата кариера. Нормално дека натпреварите за Рајо ми се важни, но репрезентацијата е нешто поинакво кога знаеш дека зад тебе е целата земја“, изјави Димитриевски.

Натпреварот во Палермо се игра вечерва од 20:45 часот, а победникот како што е познато ќе оди на дуел против победникот од Португалија и Турција и во тој натпревар на 29. април ќе се решава за патникот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…