Дома Трансфер зона Диего Коста ќе му биде соиграч на Димитриевски

Диего Коста ќе му биде соиграч на Димитриевски

Поранешниот шпански репрезентативец Диего Коста, моментално е без клуб откако му истече договорот со бразилскиот клуб Атлетико Минеиро.

Според последните информации Диего Коста ќе се врати во Мадрид и ќе потпише договор со Рајо Ваљекано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајо на напаѓачот му понудил едногодишен договор и плата од 1.000.000 евра. Наводно добил финансиски подобри понуди од Саудиска Арабија и од Англија, но тој со семејството сака да се врати во Шпанија и Мадрид.

Бразилецот веќе играше во Рајо на шестмесечна позајмица во 2012 година, кога постигна 10 гола и го спаси тимот од испаѓање, па сега ќе биде соиграч со македонскиот голман Столе Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…