Ракометарите на Вардар вчера беа пречекани на плоштадот во Скопје откако во викендот зад нас одново ја вратија европската титула во Скопје.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од најемотивните на сцената беше Русинот Тимур Дибиров кој на среде плоштад порача – Денес сите сме Македонци.
„Кога пред две години ја освоивме титулата Чупиќ кажа: Цел живот сум Хрват, но денес се чуствувам како Македонец. Денес ние сите сме како Македонци! Искрено, не мислев дека вакво нешто ќе доживеам по втор пат. Ви благодарам Македонци и уште еднаш – денес сите сме Македонци“, гласно порача на плоштад Дибиров.