Дома Топ вести Дибала е на продажба – Јувентус ја одреди цената!

Дибала е на продажба – Јувентус ја одреди цената!

Пауло Дибала е една од најголемите ѕвезди во европскиот фудбал, но веќе подолго време се поврзува со заминување од тимот на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските медиуми, од Јувентус би се согласиле да го продадат Аргентинецот, и веќе имаат одредено цена.

Имено, цената на Дибала изнесува 100 милиони евра и торинскиот клуб воопшто нема да преговара доколку пристигне понуда под тој износ.

Наводно за неговите услуги се интересираат Баерн Минхен, ПСЖ и Манчестер Сити, кои се спремни да ја платат таа сума.

Со доаѓањето на Роналдо, Дибала падна во втор план, а „бјанконерите“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба на Аргентинецот.

https://youtu.be/ExN51V7sa50

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…