Дома Фудбал Ди Марцио тврди: Сега Србин е прв кандидат за наследник на Конте!

Ди Марцио тврди: Сега Србин е прв кандидат за наследник на Конте!

Српскиот тренер, Славиша Јокановиќ привлече огромно внимание откако успеа со Фулам да се избори за пласман во Преиер лигата, а според медиумите на Островот во овој момент е главен кандидат да го наследи веќе отпишаниот Антонио Конте во Челзи.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио кој е добро упатен со случувањата на трансфер пазарот во Европа, тврди дека српскиот менаџер веќе ја одржал првата рунда преговори со претставници на Челзи.

Во овој момент тешко е да се предвиди каков епилог ќе имаат преговорите, но едно е јасно: Јокановиќ после пропаѓањето на преговорите помеѓу Сари и Челзи е прв кандидат за наследник на Конте, на кого никој не му дава ниту најмали шанси да остане во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Џејми Карагер повторно ја отвори темата за иднината на Унаи Емери, откако неговите претход…