Дома Фудбал Англија Дешамп откри: Погба не е среќен во Манчестер Јунајтед

Дешамп откри: Погба не е среќен во Манчестер Јунајтед

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп го коментираше падот на формата на Пол Погба и шпекулациите за негов конфликт со Жозе Мурињо.

Погба на последните три натпревари за Манчестер Јунајтед беше на клупата за резерви, а на негово место играше младиот МекТомини.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не знам точно каков е проблемот, но ќе разберам. Јасно е дека Пол не е среќен од моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед. Причините за ваквата ситуација можат да бидат различни, јас ќе разговарам со него и ќе се обидам да му помогнам“, изјави Дешамп.

Пред неколку дена поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дугари го советуваше Погба да го напушти Манчестер Јунајтед, а се погласни се шпекулациите дека Французинот е во конфликт со Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА започна и со ранкинг во футсал: Македонија во топ 60 репрезентации

За прв пат во историјата Светската фудбалска куќа (ФИФА) објави ранкинг за национални футс…