Холандскиот фудбалер, Мемфис Депај допатува во Сао Паоло каде што потпиша двегодишен договор со Коринтијас.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Депај допатува на аеродромот, Гваруњос каде што беше пречекан од навивачите. Во бразилскиот клуб Депај пристигна како слободен играч, а ќе биде претставен пред четвртфиналето од Купот против Хувентус.
Во првиот натпревар Коринтијас изгуби 1:3. Депај на почетокот на неделата во Холандија ги помина лекарските прегледи.
Кариерата ја започна во 2011 година во ПСВ, играше уште за Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико. Дебито за холандската репрезентација го имаше во 2013 година, а во 98 натпревари постигна 46 гола.