Дома Останати Кошарка НБА Денвер и Јокиќ лесно против Портланд, Јанис енигма за Вориорси 🎥

Денвер и Јокиќ лесно против Портланд, Јанис енигма за Вориорси 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денвер изминатата ноќ не дозволи пресврт. Водеа Нагетси со 26 разлика во третата четвртина и ја одржаа предноста до крајот без проблеми. Не само што ја одржаа предноста туку и го наполнија кошот на ослабениот Портланд (140:108).

Никола Јокиќ одново беше еден од најдобрите на теренот со 20 поени и само два промашувања, додаде уште 8 скока, 7 асистенции и 2 блокади. Најефикасен беше Вили Бартон со 21 поен. Портланд играше без Лилард, Меколум, Пауел, Зеле, Ненс Жуниор...и во таков состав не можеше ништо.

Шампионот лесно ги совлада Вориорси (118:99) во дербито на вечерта. Антетокумпо беше енигма за гостите. Грчкиот кошаркар стигна до третиот трипл-дабл во сезоната со 30 поени, 12 асистенции и 11 скокови. Мидлтон додаде 23 поени, Портис 20…Во редовите на Бакси од изолација се врати тренерот Буденхолцер. Стеф Кари застана само на 12 поени, а најефикасен беше Вигинс со 16.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Милвоки – Голден Стејт 118:99, Мемфис – Минесота 116:89, Њу Орлеанс – Клиперс 113:89, Бруклин – Оклахома 109:130, Денвер – Портланд 140:108.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…