Дома Фудбал Италија Ден кој Торино ќе го памети: Роналдо денес за прв пат во дресот на Јувентус

Ден кој Торино ќе го памети: Роналдо денес за прв пат во дресот на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус во полна пареа се спремаат за новата сезона во Серија А која започнува наредниот викенд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Старата дама“ ќе ја брани титулата на Апенините, а многумина со нетрпение очекуваат на дело да го видат Кристиано Роналдо кој пристигна во Јувентус ова лето. Роналдо се уште не дебитирал за Јувентус, а тоа иако во неофицијален натпревар изгледа ќе се случи денес.

Имено, Јувентус традиционално пред новата сезона игра генералка во Вилар Пероса против резервниот тим. Масимилијано Алегри за овој натпревар ќе може да смета на сите играчи, што значи дека навивачите на Јувентус конечно ќе го видат Роналдо во дресот на овој клуб.

За Јуве ова традиционално е голем ден, но денес е уште поголем со оглед на тоа дека во центарот на вниманието ќе биде новата голема ѕвезда на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зошто Барселона не го повлече дресот со број 10 на Меси? Специјалното правило го објаснува тоа

ЛИОНЕЛ МЕСИ остави неизбришлив белег во Барселона, и според многу фанови, клубот требаше д…