Дома Фудбал Деко: Клоп не е единствена опција за Барселона

Деко: Клоп не е единствена опција за Барселона

Спортскиот директор на Барселона, Деко призна дека е изненаден од одлуката на тренерот Чави да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Деко истакна дека клубот не барал Чави да замине и тие секогаш го поддржувале, одлуката за заминување ја донел самиот Чави.

Веќе почна да се шпекулира и со неговиот наследник, а медиумите тврдат дека прв избор е Јирген Клоп.

„Клоп е врвен тренер, но сметам дека не е вистинско време да се зборува за тоа. Имаме многу опции, тој не е единствена за нас. Идниот тренер ќе го дискутираме кога ќе дојде време, сега е рано за такво нешто.Засега не сме контактирале никого, се уште се обидуваме да ја прифатиме одлуката на Чави. Јас нема сам да ја донесам одлуката за неговата замена, тоа ќе го направи клубот“, изјави Деко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …