Дома Фудбал Де Роси: Ибрахимовиќ? Да има 40 години и скршена нога пак нема да сакам да го чувам!

Де Роси: Ибрахимовиќ? Да има 40 години и скршена нога пак нема да сакам да го чувам!

Репрезентацијата на Италија во петок го игра првиот натпревар од баражот за Светското првенство против селекцијата на Шведска.

Капитенот на „аѕурите“ Даниеле де Роси пред натпреварот изјави дека е среќен што за Шведска нема да игра Златан Ибрахимовиќ кој неодама се повлече од репрезентацијата.

„Нашата единствена предност е фактот што нема да игра Златан. Тој да има и 40 години и скршена нога би бил проблем за нашиот тим. Ни во таков случај не би сакал да го чувам. Добро ја проучивме шведската репрезентација и доколку бидеме максимално сконцентрирани верувам дека ќе се пласираме на СП“, изјави Де Роси.

„Мундијалот е многу важен за мене, иако сум играл веќе три пати. Тогаш може да замислите како му е на играчите кои никогаш не играле на СП. Таква мотивација добро ќе ни дојде и верувам дека ќе се пласираме“, заклучи Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тоне во повреди, Торино го прескокна: Торино има нова причина за славење

Нико и Челик се надвор од комбинација до паузата, а Сар е неизвесен за Лече. Во меѓувреме,…