Дома Фудбал Останато Де Лихт објасни зошто го избрал Јувентус пред Барселона

Де Лихт објасни зошто го избрал Јувентус пред Барселона

Maтијас Де Лихт минатото лето од Ајакс направи трансфер во Јувентус вреден 85 милиони евра.

Овој 20 годишен дефанзивец после одличната сезона во дресот на тимот од Амстердам доби голем број понуди, а на крајот ја прифати понудата од Јувентус. Најголем ривал на Јувентус во трката за потписот на Де Лихт беше Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За шпански „Спорт“ сега Де Лихт објасни зошто го избрал Јувентус пред Барселона.

„Ги разгледав сите понуди кои ги добив и одлучив дека во Јувентус можам најмногу да напредувам и да станам комплетен фудбал“, изјави Де Лихт.

Неговиот пријател Френки Де Јонг ја избра Барселона.

„Често пати разговараме. Интересно е што пред две години игравме за младиот тим на Ајакс, а денес тој игра со Меси, а јас со Роналдо. Чудно е“, истакна младиот стопер.

Де Лихт се уште се навикнува во Јувентус, но како што одминува времето изгледа се посигурен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…