Дома Фудбал Италија Де Лаурентис за Пирло: Не сакам да кажам дека е идиот, но нека си гледа неговата работа

Де Лаурентис за Пирло: Не сакам да кажам дека е идиот, но нека си гледа неговата работа

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис му одговори на Андреа Пирло кој се пожали што по третата жалба на Наполи донесена е одлука дуелот Јувентус – Наполи кој претходно беше регистриран со службен резултат за „старата дама“ да се преигра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот на октомври поради коронавирус Наполитанците не допатуваа во Торино и тогаш беше одлучено Јувентус да го добие натпреварот со службени 3:0.

„Пирло мора да си ја гледа неговата работа – да ја тренира екипата, не треба да зборува за работи кои треба да ги решаваат управите на клубовите и надлжените органи.

„Нема да кажам дека Пирло е идиот, но не е правник и не ги разбира законите. Имаме реалност каква што е Ковид и законите и прописите мораа да се почитуваат. Ниту еден фудбалски натпревар не може да биде поголем од државниот закон. Како што кажав нека си ја работи неговата работа“, изјави Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фаворитот Шпанија се посрамоти против Зеленортските Острови

Првото големо изненадување на Светското првенство 2026 е факт! Европскиот шампион Шпанија,…