Дома Трансфер зона Де Геа на раскрсница: Стигна понуда која не се одбива!

Де Геа на раскрсница: Стигна понуда која не се одбива!

Не е тајна дека Давид де Геа е голема желба на Реал Мадрид, меѓутоа Манечстер Јунајтед е спремен да направи се за да го задржи на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јуанјтед има план да го искористи одличниот почеток на сезоната и на Де Геа да му понуди нов, побогат договор но и подолг договор. Со тоа челниците од „Олд Трафорд“ ќе го осигураат еден од најдобрите голмани на подолги стази.

„Црвените ѓаволи“ ништо не сакаат да и препуштат на случајноста, свесни колку им значи квалитетот кој го поседува шпанскиот голман. Последните информации од Островот говорат дека челниците на клубот се убедени дека ќе успеат да го добијат потписот на Де Геа.

„Кралевите“ веќе неколку години се обидуваат да го донесат одличниот чувар на мрежата. Пред дбе години беа оддалечени само неколку минути од неговиот потпис, но се пропадна поради доцнење на документацијата.

Сега се е во рацете на Де Геа кој се наоѓа пред голема дилема – дали да потпише нов договор и да остане на „Олд Трафорд“ или да се врати во својата татковина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…