Дома Фудбал Англија Де Брујн го одигра 100-тиот натпревар и зад себе го остави Ерик Кантона

Де Брујн го одигра 100-тиот натпревар и зад себе го остави Ерик Кантона

Манчестер Сити во вчерашниот одигра 0:0 на домашен терен против тимот на Хадерсфилд, овој натпревар за Кевин Де Брујн беше негов 100-ти во Премиер лигата.

Де Брујн зад себе има одлична сезона за Манчестер Сити во која му беше главен конкурент на Мохамед Салах за играч на сезоната во Премиер лигата, сепак на крајот наградата ја однесе Египќанецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Белгиецот оваа сезона за Манчестер Сити постигна осум погодоци и запиша 15 асистенци, што го прави најдобар асистент во најсилната англиска конкуренција. Дека му нема рамен кога во прашање се креирањето шанси за своите соиграчи говори податокот кој ни доаѓа од „заводот за статистика“.

Имено, Де Брујн е фудбалерот со најмногу асистенции во првите 100 настапи во Премиер лигата – има 43.

Зад него следи легендарниот Ерик Кантона со 39, Месут Озил со 36, Луис Нани со 34 и Хуан Мата со 31.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Тони Крос ја завршува кариерата!

Тони Крос става крај на професионалната фудбалска кариера. Германскиот фудбалер ќе ја завр…