Андреас Переира и Џеси Лингард најверојатно ќе го напуштат Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната, тврдат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двајцата го загубија местото во стартниот тим и ретко добиваат минутажа кај Солскјер во последно време.
Лингард и Переира се спремни да го напуштат „Олд Трафорд“ во потрага по поголема минутажа, а клубот нема да им стои на патот и е спремен да ги продаде.
Договорите на двајцата фудбалери со Манчестер Јунајтед истекуваат во јуни 2021 година, па ова е последна шанса „црвените ѓаволи“ да заработат од нивното заминување.
Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ имаат план со нивната продажба да финансираат дел од трансферот на Муса Дембеле од Лион.