Дома Останати Двајца ММА борци од Полска нападнати и избодени во Белград

Двајца ММА борци од Полска нападнати и избодени во Белград

Според информациите на српски „Телеграф“ изминатата ноќ двајца ММА борци од Полска со иницијали М.А (20) и Б.К.П (23) биле нападнати од пет други лица пред клубот „Стефан Браун“ во Белград.

Засега не се откриваат многу информации, само дека биле во Белград поради учество на натпреварувања.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во нападот двајцата борци се здобиле со повреди, а Б.К.П бил избоден и со нож во пределот на стомакот.

Двајцата се примени во Ургентиниот центар, додека полицијата го истражува случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во првото коло на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал кој е рекордер на Ролан Гарос,годинава го заврши турнирот уште  во првото кол…