Парма последниот ден од трансфер периодот доведе големо засилување за својата последна линија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за сега поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, кој се врати во Италија, Матео Дармијан. Тој 2015. година од Торино се пресели во Манчестер Јунајтед и запиша 92 настапи за клубот, а сега се враќа во Италија.
Дармиан постигна и еден гол во дресот на Манчестер Јунајтед и тоа против Кристал Палас 2016. година во победата од 2:0.
„Сите во Манчестер му посакуваат на Матео многу среќа во иднина. Благодарни сме за се што направи за клубот“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.