Дома Топ вести Дали Рамос ќе остане во Реал? Се огласи неговиот татко

Дали Рамос ќе остане во Реал? Се огласи неговиот татко

Иднината на Серхио Рамос во последно време е главна тема во спортските медиуми.

Капитенот на Реал Мадрид влезе во последната година од договорот и се уште не може да се договори со „кралевите“ за продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, пред се ПСЖ кој му нуди 20 милиони евра по сезона на 34-годишниот дефанзивец.

Денес на оваа тема се огласи таткото на Серхио Рамос, кој тврди дека е оптимист дека неговиот син ќе остане во Реал Мадрид.

„Комплетно сум смирен на оваа тема и сум голем оптимист. Верувам дека мојот син ќе остане и дека на крајот се ќе се реши меѓу него и претседателот“, изјави Хосе Марија Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…