Дома Фудбал Даер останува во Тотенхем до 2024 година!

Даер останува во Тотенхем до 2024 година!

Играчот за врска на Тотенхем, Ерик Даер денес стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста со „спарси“ до 2024 година.

Даер е член на „петлите“ од 2014 година и до сега за Тотенхем одигра 239 натпревари, а изминатите години се промовираше во еден од најважните фудбалери во тимот.

„Останувам зашто сакам да освојам трофеи. Мојата, а и целта на менаџерот Мурињо е иста, да се обидеме да освоиме пехар. Токму тоа беше силна мотивација за мене да останам и да потпишам нов договор“, рече Даер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Челси му се истенчи трпението: Фофана и Густо пред излезна врата?

По елиминацијата од Ливерпул во Лига купот, се појавија информации дека Челси размислува з…