Јувентус вчера одигра 2:2 со Аталанта. Даглас Коста на овој натпревар влезе во игра нешто подоцна, а поради одредени потези еден навивач на Твитер на Бразилецот му порача дека е „идиот“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Навивачот беше бесен бидејќи Коста тргнал да да дрибла во завршницата од натпреварот кога неговиот тим имаше заостанување од еден гол (Аталанта водеше со 2:1), сепак во продолжението Роналдо од пенал ги постави конечните 2:2.
Навредата од навивачот стигна и од Бразилецот кој не остана без одговор.
„После 50 години фудбал сакате да ме научите како да играм?“, гласеше одговорот на Коста.
Dopo 50 anni di calcio vuoi insegnarmi a giocare ????!!
— Douglas Costa (@douglascosta) July 11, 2020