Дома Фудбал Англија Давид Силва во „аут“ до крајот на годината!

Давид Силва во „аут“ до крајот на годината!

Шпанскиот плејмејкер на Манчестер Сити, Давид Силва ќе биде надвор од терените во наредните три недели, пренесува „Скај Спорт“.

32-годишниот офанзивен играч за врска се здоби со повреда на ахиловата тетива за време на мечот против Челзи минатиот викенд на „Стенфорд Бриџ“.

Гвардиола потврди дека неговиот сонародник ќе го пропушти мечот со Хофенхајм во Лигата на шампиони, а за тој меч каталонскиот стратег нема да може да смета уште на Данило, Де Брујн, Агуеро.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека поврдата на Силва е сериозна и дека ќе паузира најмалку три недели, па се очекува да се врати на терените дури во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Брајтон ја уништи Астон Вила за само 31 минута: Четири гола и црвен картон ја одбележаа катастрофата на гостите (Видео)

Брајтон на импресивен начин ја отвори новата сезона во Премиер лигата. Галебите на својот …