Дома Топ вести Давид Луиз во последните часови од преодниот рок се сели во Арсенал!

Давид Луиз во последните часови од преодниот рок се сели во Арсенал!

david luiz

Давид Луиз веројатно ќе биде веста на денот во последениот ден од преодниот рок во Англија!

Скоро сите островски медиуми тврдат – Давид Луиз се сели во Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонските ривали наводно се договориле околу оштетата за 32 годишниот Бразилец. Арсенал на Челзи ќе му плати сума од околу осум милиони фунти. Таа сума е многу помала од онаа која Челзи ја плати за Луиз на ПСЖ (34 милиони фунти).

Давид Луиз ќе добие договор на две години, а интересно е што ова ќе му биде трет пат во кариерата да менува клуб во последниот ден од преодниот рок.

Покрај Луиз на „Емирати“ денес се очекува да пристигна и левиот бек на Селтик Киран Тирни кој ќе стане најскапиот играч во историјата на шкотскиот фудбал. Преговорите беа во тек уште од средината на јули, а на крајот двата клуба постигнале договор за сума од 27 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…