Во последно време многу се шпекулира со иднината на Един Џеко, а медиумите на Апенините се сигурни дека на крајот на сезоната напаѓачот ќе ја напушти Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џеко пристигна во Рома во 2015 година од Манчестер Сити и стана еден од најважните фудбалери на „волчицата“. Меѓутоа, Босанецот оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво и се погласни се шпекулациите за негово заминување од Рома.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Џеко веќе постигнал договор со премиерлигашот Вест Хем и дека на лето ќе се пресели во Лондон.
33-годишниот напаѓач е заинтересиран да се врати во Премиер лигата и веќе ги договорил личните услови со лондонскиот клуб.
Џеко од Вест Хем побарал плата од 4,5 милиони евра годишно и договор од најмалку две сезони, а „чеканите“ му ги исполниле неговите барања.
Сега останува уште двата клуба да се договорат за отштетата, а Рома за неговата слобода бара 15 милиони евра, со оглед на фактот што неговиот договор истекува следното лето.
Интерес за Џеко покажува и милански Интер, кој во него гледа замена за Икарди, но Вест Хем реагираше побрзо и веќе се договори со Босанецот.