Дома Трансфер зона Готово: Позната иднината на Матео Ковачиќ!

Готово: Позната иднината на Матео Ковачиќ!

Според тврдењето на шпанска „Марка“ Матео Ковачиќ наскоро ќе го комплетира својот трансфер од Реал Мадрид во Челзи.

Откако ФИФА му ја потврди казната на Челзи за заврана на регистрирање на нови фудбалери во следните два преодни рока, се нагаѓаше дека Ковачиќ ќе мора да се врати во Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, „Марка“ информира дека Ковачиќ е веќе регистриран во Челзи како позајмен фудбалер, па „сините“ ќе имаат право да го откупат на крајот на сезоната.

Двата клуба наводно веќе постигнале договор, па Челзи за потписот на Ковачиќ ќе му плати на Реал Мадрид 30 милиони евра. Хрватот по реализацијата на перманентниот трансфер ќе потпише 4-годишен договор со „сините“.

Ковачиќ оваа сезона одигра 49 натпревари за Челзи во сите натпреварувања и се уште го чека својот прв гол.

https://youtu.be/tRn0ksdCotA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…