Дома Трансфер зона Готово: Кансело вечерва пристигнува во Барселона

Готово: Кансело вечерва пристигнува во Барселона

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона постигнала договор со Манчестер Сити и трансферот ќе биде комплетиран утре.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кансело е во конфликт со менаџерот Пеп Гвардиола, кој во јануари го прати на позајмица во Баерн Минхен, и по одлуката Кајл Вокер да остане на „Етихад“ јасно е дека за него нема повеќе место во тимот.

Барселона имаше договор со Португалецот, но долго не можеше да најде заеднички јазик со Сити околу обештетувањето.

Фабрицио Романо потврди дека двата клуба постигнале договор за едногодишна позајмица со право на откуп.

Кансело вечерва треба да пристигне во Барселона, а утре да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…