Дома Трансфер зона Готово: Завршил хаосот помеѓу Бензема и Ал Итихад, интервенирал државниот врв!

Готово: Завршил хаосот помеѓу Бензема и Ал Итихад, интервенирал државниот врв!

Како што изгледа едномесечниот хаос помеѓу Карим Бензема и неговиот клуб Ал Итихад заврши.

Францускиот напаѓач е вратен на тренинзите не екипата и ситуацијата би требало да е нормализирана откако интервенирале луѓе од државниот врв на Саудиска Арабија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бензема не тренираше со Ал Итихад од новогодишните празници, задоцни две недели на подготовките, а тренерот Марсело Гаљардо одби да го врати во тимот пред продолжение на сезоната. Се шпекулираше дека Бензема може да замине во друг клуб од Саудиска Арабија, а имаше и понуди од европски и американски клубови.

Сепак, властите во земјата се вклучиле и го решиле проблемот помеѓу Бензема и Гаљардо. Сега двајцата ќе соработуваат за да не се наруши угледот на земјата која многу вложува во спортот и фудбалот во последниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …