Раководството на Барселона и Луис Суарез конечно постигнаа договор за раскинување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругваецот се согласил да се откаже од еден дел од платата и како отштета ќе добие 7 милиони евра од каталонскиот клуб.
Барселона ќе се ослободи од високата плата, а тоа ќе значи дека Суарез ќе биде слободен агент и слободно може да потпише со друг клуб.
Разврската на преговорите чекаше Атлетико Мадрид, бидејќи според последните информации Суарез веќе се договорил со „јорганџиите“.
Суарез го напушта „Камп Ноу“ после шест години во кои одигра 283 меча и постигна 198 голови.