Дома Трансфер зона Готово: Алаба во Реал Мадрид

Готово: Алаба во Реал Мадрид

Давид Алаба после цели 13 години ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најверојатно сагата околу неговиот нов клуб заврши и Алаба ќе се пресели во Реал Мадрид.

Алаба за петгодишен договор ќе добива неделна плата од 190.000 евра, но и бонус при самиот потпис на договорот.

Алаба е поливалентен играч и може да игра во одбраната и во средниот ред, па Реал Мадрид го одреди како приоритет неговото доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Се наведува дека Крос имал голема улога во тоа Алаба да го избере Реал Мадрид. Германецот му објаснил каква е ситуацијата во клубот и што го очекува доколку потпише договор со „кралевите“. „АС“ додава и дека Крос го ангажирал неговиот агент за да му најде куќа во населбата во која живее и тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…