Играчот за врска на Евертон кој заработи тешка повреда е пуштен од болница после операцијата која му беше направена поради повредата која ја заработи во натпреварот против Тотенхем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот фудбалер на Барселона мораше да оди на операција откако над него стартуваше Сон Хеунг Мин во 78-та минута од натпреварот.
Гомеш од „Гудисон Парк“ веднаш беше пренесен во болница, а вчера му беше извршена операција. Сега тој е пуштен од болницата и ќе може да продолжи со рехабилитацијата во домашни услови под будно око на докторите во Евертон.
Сепак и покрај ова многу се мали шансите Гомеш да заигра оваа сезона и се очекува да паузира помеѓу шест и осум месеци.